Tри села без електрична енергија, жители на Слупчане сами сакале да приклучат струја па предизвикале пожар

“Барикади со запалени гуми. Жители на Слупчане не им даваат на екипи на ЕВН да влезат во селото”.

Екипи на ЕВН синоќа сакале да влезат во селото, но биле блокирани од страна на жителите кои запалиле гуми на патот кон нивните домови.

Поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на континуирани кражби од страна на жителите на кумановското Слупчане, селото се соочува со прекин во снабдувањето со електрична енергија и блокади од страна на мештаните за влез на екипите на ЕВН.

Од компанијата додаваат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, односно не постојат услови за нормално извршување на законските обврски за одржување и управување на системот за дистрибуција.

Неколку лица од Слупчане синоќа насилно влегле во енергетски објект на Електродистрибуција и сакале сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото.

Овој обид предизвикал дефект кој оставил уште три соседни села без струја. Екипите на ЕВН се обиделе да влезат во Слупчане за да го отстранат проблемот, меѓутоа не им било дозволено од жителите.

Оризаре, Ваксинце и Лојане поради насилното влегување на лица од Слупчане во енергетски објект останаа без струја