Градот Рим им нуди помош од 2000 евра на идните брачни двојки за организирање свадба во областа на Лацио

 Областа Лацио, во средишна Италија, годинава им нуди помош од по 2.000 евра на идните брачни двојки, за организирање свадби во таа околија. Обидот е да се зајакне работата со угостителските објекти и тамошниот сектор за свадби, по последиците од пандемијата.

Округот Лацио, кој го вклучува и главниот град Рим, е втора најнаселена област во Италија. Според иницијативата „Лацио со љубов“, одвоени се 10 милиони евра за италијанските и странските двојки кога купуваат услуги или производи од околни угостители, планери за свадби, цвеќарници или компании за планирање венчавки.

Сите свадби одржани меѓу 1 јануари и 31 декември 2022 година ќе бидат прифатливи за субвенција. Тоа може да ги покрие и трошоците за меден месец, услугите за фотографирање и свадбената забава.

Италија ја има една од највисоките стапки на смртност од Ковид во светот и е една од првите земји што воведе карантин.

Од паровите кои ќе ја прифатат свадбената понуда, се бара да достават доказ за најмногу пет платени сметки. Пријавите за поврат на паричните средства може да се поднесат до 31 јануари 2023 година.

Во понудата има широк спектар места за свадби – во град и во село. Главниот град е дом на некои од најпознатите знаменитости на Италија, како што се Шпанските скали, Колосеумот и Фонтаната Ди Треви.