Најпознатиот „свингерски“ клуб во Велика Британија пред затворање: Местото располага со 43 специјално опремени секс-соби, кино за возрасни а дневно го посетуваат повеќе од 500 луѓе!

Еден од најпознатите „свингерски“ клубови во Велика Британија – „Атик“ (The Attic) во градот Дерби, Англија, наскоро ќе ги затвори вратите.

Клубот има околу 20 вработени, 43 специјално опремени секс-соби, кино за возрасни, а се говори и дека имале и до 500 гости дневно. Се организираат и тематски вечери. Најчесто, според концептот на „свингерството“, влезот е дозволен само за парови и има многу јасен кодекс на однесување. Билетот за просечна вечер е околу 13 евра.

Но, зградата во којашто се наоѓа е продадена и доколку секс-клубот сака да продолжи со работа мора да најде ново место.

„Луѓето од Шкотска, Англија, Велс, Ирска доаѓаат кај нас со години. Имаме двојка од Франција која нѐ посетува еднаш месечно. Ние сме инклузивни и имаме посебни ЛГБТ-вечери. Сите се возрасни овде, и без разлика на сексуалната определба, секогаш се добредојдени“, изјави сопственикот Рон Ротвел (75 г.)

„Ако не најдеме ново место, ќе мора да го затвориме клубот засекогаш. Тоа ми го крши срцето. Се обидовме да договориме нешто преку Градскиот совет, но досега без успех. Вложивме многу труд за сѐ ова… Постојано растеме – за сега да треба да го затвориме!“, вели тој.

Ротвел додаде дека помош му понудиле и членовите на клубот.

„Знам дека ова не е за секого, но луѓето што доаѓаат кај нас беа среќни. Никому не му пречевме“, нагласува сопственикот.