Бремена жена претепала две акушерки и чистачка: Не можела долго да чека, а потоа направила хаос во болницата

Во болница во Франција во петокот настанал хаос кога трудница, незадоволна од долгото чекање, претепала двајца медицински работници и чистачка.

Бизарен инцидент ги потресе вработените во болницата во Марсеј до срж, а најлошото го извлекла една акушерка, која била прва на мета.

Како што пишуваат француските медиуми, трудницата збеснала што чекала подолго, па се нафрлила на акушерката и почнала да ја удира.

,,Откако ја удри, почна да плука по неа“, сведочеше колешката која била сведок на инцидентот.

Трудницата потоа грабнала метла од количката на чистачката и крвнички удрила друга акушерка која се обидела да ја спаси нејзината колешка.

После тоа ја нападнала чистачката која ја удрила во стомакот, а потоа ја плукнала.

Осомничената, која има околу 40 години, потоа со глава удрила друга членка на медицинскиот персонал, а потоа обезбедувањето успеало да ја задржи.

Синдикатот на здравствените работници е шокиран од нападот врз нивните колеги.

„Ова беше многу насилно, разговаравме со колегите, тие беа истрауматизирани“, вели Кариме Дежбали од синдикатот.

Од здружението посочуваат дека се зачестени нападите врз здравствените работници.

Медиумите јавуваат дека трудницата е префрлена во друга институција, во овој момент не се знае дали против неа ќе биде поднесена пријава.