Штетeн пестицид се користи за земјоделски производи во Македонија

Само годинава од хрватската граница се вратени три пратки, додека лани една, со земјоделски прехранбени производи од Македонија, бидејќи врз основа на податоците на Системот за брзо предупредување за храна и добиточна храна, кај нив е откриено количество високо ниво на пестициди штетни за здравјето.

Неодамна, на 19 февруари годинава, овој систем за предупредување за храна објави дека е регистрирано големо количество пестициди во земјоделските производи од Македонија наменети за хрватскиот пазар.

Станува збор за мешана салата, во која е пронајден пестицидот хлорпирифос, кој го загрозува здравјето на луѓето.

Количината на хлорпирифос што во спорната пратка ја откриле хрватските власти изнесувала 0,55 микрограми за еден килограм, додека, според европските стандарди, количината на овој пестицид треба да биде нула.

Присуството на овој пестицид ги натера хрватските власти да ги забранат овие земјоделски производи, мешаната салата, на граница.

„Системот за брзо предупредување за храна и добиточна храна имаше информации дека во пратка од нашата земја се откриени остатоци од хлорпирифос, пестицид кој е забранет и кај нас и во ЕУ. Затоа е стопирана испораката на граница“, вели за Радио Слободна Европа Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Бабовски подвлекува дека не може да каже како е пронајден овој пестицид во мешаните салати посветени на хрватскиот пазар.

„Инспекторатот за земјоделство е надлежен за нивните инспекции и тие мора да покажат дали правилно ги извршиле инспекциите. Ние не ги правиме тие проверки“, додава Бабовски.

Во меѓувреме, од Државниот инспекторат за земјоделство велат дека се додека македонската легислатива не е усогласена со онаа на земјите од Европската унија во однос на производството на земјоделски производи наменети за странскиот пазар, очигледно е дека присуството на одредени пестициди ќе се појавуваат.

Контроверзниот пестицид хлорпирифос е забранет во Европската унија од април 2020 година, но во Северна Македонија, според Државниот инспекторат за земјоделство, преодниот период за користење на неговите залихи сè уште продолжува, иако според европските закони, тој период е заврши.

„По добивањето информации за забраната за употреба на хлорпирифос во ЕУ, во согласност со националното законодавство, се издава преоден период за потрошувачка на залихи на овие пестициди во времетраење од 18 месеци (12 месеци за продажба и уште 6 за употреба) за оние износи што се во нашата земја. Постапката за нивно уништување е голем проблем, како за нашата, така и за другите држави“, потенцираат од Државниот инспекторат за земјоделство.

Сепак, од Дирекцијата на Агенцијата за храна и ветеринарство ги уверуваат граѓаните на земјава дека производите што се продаваат на македонскиот пазар подлежат на редовни контроли и се безбедни.

„Во текот на изминатата година извршивме 57.000 контроли, а во одредени случаи одредени производи веднаш се отстранети од полиците на продавниците“, изјави Николче Бабовски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од оваа агенција соопштуваат дека се изречени вкупно 369 инспекциски мерки. Во меѓувреме, во текот на изминатата година уништени се вкупно 147 илјади 415 килограми храна, кои се оценети како небезбедни.