ВИДЕО | ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА – Мигрант од Сирија со нож избодел четири деца и неколку возрасни лица во парк

Според последните информации од француските медиуми, полуден мигрант од Сирија утринава околу 9 часот и 45 минути избодел со нож четири деца и двајца возрасни луѓе во францускиот град Анеси.

Првичните информации, да потсетиме, беа дека напаѓачот избодел осум деца и неколку возрасни. Нападот се случил на игралиште покрај локалното езеро каде, според француските медиуми, во тоа време имало група деца на возраст од три до пет години.

Очевидци изјавиле за локалните медиуми дека маж со нож ненадејно влетал во игралиштето и почнал да напаѓа деца.

На социјалните мрежи се појави и видео-снимка на која може да се види напаѓач со нож како трча низ игралиштето додека двајца мажи го бркаат. Засега нема официјална потврда за личноста која го сторила овој грозоморен чин.

ВОЗНЕМИРУВАЧКОТО ВИДЕО МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ.

Локалните медиуми јавуваат дека две деца и еден возрасен се борат за живот и наведуваат дека едно дете е пренесено во болница во Женева поради сериозноста на повредите.