Германија: Во вооружен напад убиени четири лица, меѓу кои и дете

– Четири лица загинаа во вооружен напад во германската покраина Долна Саксонија.

Во соопштението на полицијата и обвинителството се наведува дека вооружено лице утринава упаднало во куќа во градот Шејсел.

Се наведува дека во нападот загинале четири лица, меѓу кои и едно дете.

Локалните медиуми тврдат дека осомничениот влегол во куќата на својата поранешна девојка.

Тие наведуваат и дека осомничениот бил припадник на германските вооружени сили и се предал по нападот.

За нападот е започната истрага.