Земјотрес од 6,1 по Рихтер регистриран во северниот дел од Јапонија (ФОТО)

0

 Земјотрес со интензитет од 6,1 степени го погоди денеска северниот дел на Јапонија.

Епицентарот на земјотресот бил регистриран на северниот јапонски остров Хокаидо. Длабочината на земјотресот е 6 километри.

Во моментов нема извештаи за жртви или материјална штета. Не е издадено предупредување за цунами.