МНР ги повикува нашите граѓани да ги напуштат опасните подрачја во Словенија

Поради силното невреме во Словенија затворени се голем број патишта и автопати низ државата. Министерството за надворешни работи ги повика сите граѓани на Северна Македонија кои се во Словенија да ги напуштат опасните подрачја, особено оние покрај реките.

„Ги повикуваме сите граѓани на Република Северна Македонија да ги напуштат загрозените подрачја, особено подрачјата околу реките. Ги повикуваме и граѓаните кои планираат да патуваат до Словенија или транзитираат низ неа, да проверат кои патишта се слободни“, се нагласува во соопштението на МНР.

Истовремено, Министерството ги замолува граѓаните, доколку се во погодените региони и имаат потреба од помош, да се обратат во Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана, на телефонските броеви: +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на е-пошта: l [email protected] .  

Исто така, нашите граѓани можат да се обратат и на телефонскиот број на Министерството +389 75 273 732 и на електронската адреса:  [email protected] .