Објавено видео од инцидентот во Индија: Автомобил падна од карпа во близина на водопад

Локалните медиуми во Индија објавија видео на кое се гледа моментот кога автомобил се превртува од карпа и паѓа во дел од езерото во близина на водопадот.

Инцидентот се случил во индиската држава Мадја Прадеш, поточно во неделата во близина на водопадот Лодхија Кунд, кој е познат по тоа што е популарна туристичка локација.

Локалните медиуми објавија дека во автомобилот во тој момент била тинејџерка, а нејзиниот татко паднал во водата додека се обидувал да ја спаси.

„Некои луѓе потоа скокнаа за да ги спасат таткото и ќерката. Не беа пријавени сериозни повреди“, пишува Би-Би-Си.

Инаку, индиската полиција соопшти дека до несреќата дошло од невнимание бидејќи автомобилот бил паркиран многу блиску до водата или карпа висока 15 метри.

Според полицискиот извештај, автомобилот паднал од карпа затоа што во моментот не била вклучена рачната сопирачка.

„За среќа, поради брзата реакција на минувачите нема повредени, а посетителите имаа доволно време да реагираат на ваквата ситуација.

Овој настан во Индија не беше изолиран инцидент. Слична трагедија се случи претходно кај водопадите Мохади каде двајца млади момчиња ги загубија животите откако паднаа во водопадот.