Ова никој не го знаеше: Бензема ја откри позадината на финалето од Лигата на шампионите со Атлетико! Тој, Бејл и Роналдо во центарот на вниманието (видео)

Новиот играч на Ал Итихад, Карим Бензема, призна дека во 2014 година играл повреден за Реал во финалето на Лигата на шампионите против Атлетико, пренесуваат шпанските медиуми.

Во финалето на Лигата на шампионите во 2014 година, Реал го победи Атлетико со 4:1 по продолженијата.

– Тој натпревар беше навистина луд, бидејќи Кристијано Роналдо, Герет Бејл и јас бевме повредени. Јас и Роналдо имавме повреди на адукторот, бевме на 50 проценти и нè советуваа да не играме. Но, ние навистина сакавме да играме бидејќи тоа беше наше прво финале во Лигата на шампионите со Реал и не го прифативме тоа. Со адреналин не ни чувствувате болка, па на крајот го освоивме трофејот – откри Французинот.

Бензема (35) играше за Реал од 2009 година до јуни оваа година, а потоа реши кариерата да ја продолжи во Ал Итихад.

Со мадридскиот клуб освои пет трофеи во ЛШ.