Надлежната агенција на ЕУ и одобри на компанијата „Лилиум“ да прави мали авиони за меѓуградски превоз
Германската компанија „Лилиум“ денеска соопшти дека добила одобрение од ЕУ за дизајн и управување со своите летечки такси .
Како што пренесува CNBC, Германците добиле одобрение од Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија, лиценца што ѝ овозможува на компанијата да дизајнира и произведува сопствени летечки такси наместо да се раководи со договорените насоки на ЕУ.
Ова одобрение е всушност лиценца за работа, изјави главниот технолошки директор на компанијата, Алистер Мекинтош.
Одлуката е клучна пресвртница за целата индустрија, која долги години работи за да се осигура дека таквите возила се подготвени за комерцијална употреба.
Возилата „Лилиум“ се мали авиони, наменети првенствено за домашни патувања на долги релации, а не за летови меѓу држави.
Lilium Jet користи повеќе мали пропелери управувани од електрични мотори кои обезбедуваат и вертикално полетување и слетување.
Компанијата од Германија сака да започне комерцијални летови до 2025 година.