Општина Центар денес ќе започне со чистење на контејнерите

Општина Центар денес ќе започне со чистење на отпадот во и надвор од контејнерите.

Како што предупреди градоначалникот на општината, Горан Герасимовски, од утре наутро со работа ќе почнат речиси сите хигиеничари од општинската служба во НП „ПОЦ“ и дел од општинската администрација.

На терен ќе се користи целата механизација во сопственост на претпријатието, како и дополнителна опрема за собирање отпад.

Герасимовски го повика Град Скопје итно да ги реши проблемите во јавното претпријатие и да почне со чистење на градот. Граѓаните, како што посочи, не треба да бидат жртви на лошото управување во градот, ризикот по здравјето на граѓаните е голем.