Ламин Јамал стана најмладиот фудбалер во историјата кој настапил во дресот на Барселона, откако во вчерашниот триумф над Бетис (4-0) во рамки на 32. коло во Ла Лига влезе на теренот од клупата за резерви во 83 минута.
Јамал дебитираше за Барселона со 15 години, девет месеци и 16 денови и со тоа го урна рекордот, кој дури 101 година беше во сопственост на Арманд Мартинез Саги од 1922 година.
![](https://vocentar.com/wp-content/uploads/2023/04/image-1092.png)
Јамал, исто така, стана петтиот најмлад фудбалер во историјата на шпанското првенство.
Играта на 15 – годишниот тинејџер на прес – конференција по натпреварот ја пофали и тренерот на Барселона, Чави.
„Ламин беше многу добар. Му реков да се обиде да биде опасен и тој успеа во тоа. Замислете, има само 15 години!. Малку недостасуваше да постигне гол. Тој е посебен, полн со самодоверба и може да стане важен играч“, рече Чави.