Јелена Карлеуша во Дубаи за боди и ракавици потрошила повеќе од 11.000 евра! Не ги жали парите за да изгледа СВЕТСКИ (ФОТО)

Јелена Карлеуша е позната како личност која не жали што го потрошила ниту последниот денар на својата гардероба .

Таа во вторникот отпатува на една од нејзините најомилени светски дестинации – Дубаи , а штом малку се одмори од напорното патување, се упати кон најголемиот трговски центар во светот – Дубаи Мол, за да ги посети бутиците со луксузни модни брендови и да се почести со нова гардероба.

Така ЈК веднаш отишла во еден од нејзините омилени бутици, каде веднаш се фатила за прескапо боди „долче и габана“ со украсни штрасови, чија цена на обичните смртници веднаш би им се завртило во главата.

Имено, Јелена за овој ревијален модел издвоила ни помалку ни повеќе туку 8.950 евра , додека за ракавици од истата марка и со идентични мотиви издвоила вртоглави 2.450 евра , што е вкупно 11.400 евра за овие две парчиња.

Инаку, моделот што Јелена го избра пред себе на ревијата во Милано минатиот септември го носеше и сестрата на Ким Кардашијан, Клои, како и нејзината ќерка Тру. Како што е познато, Јелена ќе ги носи овие ексклузивни модели за промоцијата на албумот „Алфа“ која се очекува во текот на летото.

Секако, дивата не застана тука, таа скокна до „Баленсијага“, каде што ѝ падна во очи сини кристални чевли од 8.000 евра .

Да потсетиме, Јелена моментално ужива во Дубаи, во еден од најлуксузните хотели со пет ѕвезди. Таму сè е прилагодено на нејзините потреби и таа ќе ужива како вистинска кралица.

За седум ноќевања во ова одморалиште, Карлеуша морала да издвои најмалку 10.000 евра , што и не е многу, ако се земе предвид дека потрошила толку многу на гардероба и тоа само за еден ден престој во Емиратите.