Абу Даби, следна станица на Формула 1

– Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со 23. трка во сезоната што ќе се одржи во Абу Даби, Соединетите Арапски Емирати (ОАЕ), јавува Анадолу.

За Големата награда на Абу Даби (Абу Даби Гранд при) на патеката „Јас Марина“, која е долга 5,3 километри, возачите ќе треба да возат 58 круга.

Утре во 15:00 часот ќе се одржи трката за пол-позиција, а трката за Големата награда на Абу Даби е закажана за 26 ноември, недела, со почеток во 14:00 часот.

Шестата трка, која требаше да се одржи во Емилија-Ромања, беше одложена поради поплавите во Италија.

Пред трката за Големата награда на Абу Даби пласманот на возачите и тимовите е следниов:

– Пласман на возачите:

1. Макс Верстапен (Холандија): 549 поени

2. Серџо Перез (Мексико): 273 поени

3. Луис Хамилтон (Велика Британија): 232 поена

4. Карлос Саинц (Шпанија): 200 поени

5. Фернандо Алонсо (Шпанија): 200 поени

– Пласман на тимовите:

1. Ред Бул: 822 поена

2. Мерцедес: 392 поена

3. Ферари: 388 поени

4. Мекларен: 284 поени

5. Астон Мартин: 273 поени