Австралија: Невремето ги зеде првите жртви

Две лица загинаа, а повеќе од 100.000 домови останаа без струја бидејќи невремето го погоди источниот брег на Австралија.

Силно невреме ги погоди сите три источни сојузни држави во понеделникот, со повеќе од 1.200 повици за помош до државните служби за вонредни состојби и аеродромот во Сиднеј, што го одбележува највлажниот Божиќ досега.

Полицијата во Викторија потврди дека маж починал на имот во Карингал откако врз него паднала гранка од дрво.

Итната помош пружила лекарска помош, но мажот, кој се уште не е официјално идентификуван, починал на местото на настанот, се вели во соопштението на полицијата.

Непосредно пред оваа објава, службите за итни случаи во Квинсленд потврдија дека една жена починала во Хеленсвејл на Голд Коуст откако била погодена од дрво.

Метеорологот Ангус Хајнс од Бирото за метеорологија изјави дека ваквото време долж источниот брег ќе продолжи и во следните неколку дена – релативно сончеви и ведри утра проследени со интензивно невреме во вечерните часови, пишува Гардијан.