АВТОФАГИЈА ИЛИ ДИЕТА: Што покажа најновата научна студија

Дали времето кога јадете навистина влијае на слабеењето? Нов тренд меѓу диетите е автофагија или периодично постење, кога времето за оброци се сведува на 10-часовна рамка.

Сепак, новото истражување покажа дека автофагијата не го забрзува слабеењето кај луѓето кои се дебели и имаат преддијабетес.

Тим од Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор спроведе 12-неделна студија во која некои луѓе практикуваа автофагија, а некои имаа нормален стил на исхрана, при што двете групи подеднакво го намалуваа бројот на калории што ги внесуваа, според MedPage Today.

– Имавме 41 учесник во студијата со просечна возраст од 59 години и сите ја завршија програмата. По 12 недели, учесниците во групата која јадела само во текот на 10 часа изгубиле во просек по 2,3 килограми, додека учесниците во групата што јаделе цел ден изгубиле 2,6 килограми. Промената на гликемиските мерки не се разликувала помеѓу групите, според истражувањето објавено во Annals of Internal Medicine.

Водачот на студијата, професорот по медицина на Универзитетот Џонс Хопкинс, д-р Ниса Марутур, изјави за Yahoo Life дека целта на истражувањето е да се разбере дали ограничувањето на калории функционира подобро ако јадете подоцна или порано во текот на денот, но беше откриено дека таму немаше разлики.

-Студијата покажа дека нема поголема придобивка од наизменичното постење во споредба со редовните периоди на исхрана кога станува збор за слабеење, под услов калорискиот внес да биде сличен. Научното разбирање на оваа тема сè уште не е целосно, бидејќи многу прашања остануваат неодговорени, изјави за Научниот медиумски центар Нита Фарухи од Универзитетот во Кембриџ.