ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ на два тендери во РЕК Битола присвојуваат 9 милијарди денари

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини СДСМ и ДУИ дека преку два тендери во РЕК Битола сакале да проневерат 9 милиони денари.

„Власта во заминување подготвува голем криминал кој тежи 9 милијарди денари. СДС и ДУИ преку два тендери во РЕК Битола сакаат да се стекнат со 9 милијарди денари народни пари преку нивни блиски фирми.

Непосредно пред изборите, власта во заминување распишува два од веројатно најголемите тендери досега одржани во Македонија. Околу 6 милијарди денари за увоз на јаглен и околу 3 милијарди денари со ДДВ за вадење јаглен и отпад во РЕК Битола.

Однапред се знае кој ќе ги добие овие два тендери со вкупна вредност од 9 милијарди денари, а тоа се фирми блиски до власта, од кои едната е во сопственост на конзул на земја која е под санкции на ЕУ.

Власта во заминување е европска само со зборови, но реално дава стотици милиони на фирми поврзани со луѓе во земји под санкции на ЕУ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите раководители во РЕК Битола да внимаваат што потпишуваат бидејќи секој детал од оваа криминална набавка ќе го контролира идната влада на ВМРО-ДПМНЕ.