Агелер: Граѓаните се разочарани, но учествувајте во гласањето и избирајте го најдоброто

Американската амбасадорка во РСМ, Ангела Агелер, изјави дека е важно граѓаните да учествуваат во гласањето, бидејќи, како што истакна, воздржувањето нема да донесе промени.

Таа порача и дека граѓаните треба да побараат од политичарите детално да ги објаснат нивните планови за да можат да го изберат вистинскиот кандидат.

Агелер зборуваше и за американската црна листа на македонски политичари и бизнисмени и дали годинава ќе се најдат нови имиња на неа.

„Не знам дали ќе има нови имиња на црната листа пред мај, но најверојатно ќе има. Се разгледуваа голем број имиња и повиците ќе продолжат“, изјави Агелер.