Милошоски: Германскиот предлог беше подобар и не бараше уставни измени

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека Германија, која претседаваше со ЕУ, имала подобар предлог за Македонија и таму не биле побарани уставни измени.

Милошоски рече дека СДСМ е партијата која и направила најголема услуга на Бугарија со потпишувањето на Договорот за добрососедство.

„СДС ја доведе Македонија во позиција зависна од Бугарија. Со блокадата од Бугарија се гледа дека е така, бидејќи Бугарија се повикува на Договорот и става вето и диктира рамка на преговори. Неспособноста на власта се гледа кога владата кажа дека францускиот предлог е најдобар. Германскиот беше подобар предлог и не беа потребни уставни измени“.

„Билатерализацијата на спорот со Бугарија ќе и наштети на Македонија по две основи. Едно е прашањето за идентитетот и интервенцијата во текстовите, другото е дека историското и јазичното прашање ќе одземе толкава енергија што наместо државата да се посветува на стандарди на реалните полиња, ќе се занимаваат со тоа кој што кажал“, рече Милошоски. .