Агелер: Судиите мора да носат одлуки врз основа на законот и без мешање

По информациите објавени пред два дена дека амбасадорката на САД Аџела Агелер била во посета на врвовниот суд по барање на судии кои биле под жесток притисок од владата и барале заштита од политички реваншизам, Сител побара и доби став од амбасадорката Агелер. Во пишаниот текст таа вели:

Ми беше задоволство да се сретнам со главниот судија на Врховниот суд и со другите судии и да ги слушнам нивните забелешки и грижи. Судиите во кој било суд и во која било земја мора да носат одлуки врз основа на законот и без мешање.

Мешањето на приватни лица или јавни функционери во судските процеси не смее да се толерира од оние во судството, од владата или од народот на оваа земја. Надворешното влијание ја нарушува вербата на јавноста во македонските институции и функционери. Правдата мора да биде транспарентна – граѓаните на оваа земја не заслужуваат ништо помалку, се вели во одговорот од амбасадорката Анџела Агелер.