АКО ГО ВИДИТЕ ОВА НА КОМПИРОТ, НЕМОЈ ДА ГО ЈАДЕТЕ! Тоа е многу опасно за здравјето – дури ни готвењето НЕ ПОМАГА

Зелениот компир содржи големи количини на соланин, отровна хемикалија која може да предизвика дијареа, гадење, повраќање, главоболки и други непријатности.

Веројатно не еднаш ви се случило кога ќе излупите  компир  да видите дека е зелен. Експертите сега предупредуваат дека таквиот компир може да му наштети на здравјето.

Покрај дијареа, гадење, главоболка, може да доведат и до халуцинации и парализа.

Компирите стануваат зелени поради високата количина на хлорофил , кој во основа е безопасен за здравјето. Но, количината на зелена боја во компирот е сигнал дека количината на соланин, која се произведува истовремено со хлорофилот, е зголемена.

Соланин  им служи на компирот за време на растот како заштита од паразити, габи и инсекти. Се користи и за домати, модри патлиџани и пиперки.

Се советува да се отстрани  тој дел  од компирот, бидејќи овој отров може да издржи високи температури дури и при пржење.

За да имате проблем, треба да  внесете голема количина соланин во организмот , иако имало случаи кога некој чувствувал симптоми и по 30-50 милиграми.

Препорачливо е да  се чуваат компирите во темни простории , бидејќи светлината и топлината предизвикуваат производство на соланин