Актерката откри: „Снимањето со Ди Каприо беше мизерно, најдосадниот ден во мојот живот“

Многу луѓе ширум светот би дале сè за шанса да се дружат со Леонардо ди Каприо и Тимоти Шаламет, но на Џенифер Лоренс и беше „апсолутно мизерно“ да работи со овие ѕвезди.

Филмот пристигна на Нетфликс во декември 2021 година, и бидејќи ограничувањата поврзани со Ковид-19 штотуку се ублажуваа, тоа беше првпат некои од ѕвездите да имаат контакт со други луѓе по долго време. Тоа беше рецепт за катастрофа, според Лоренс.

За време на гостувањето во „The Late Show“ со Стивен Колбер, Лоренс се присети на моментот кога снимила сцена од филмот каде таа, Шаламет и Ди Каприо заедно се возеле во автомобил. Таа го опиша како „најдосадниот ден во нејзиниот живот“.

„Ме полудеа тој ден. Не знам што им се случи“, му рекла таа на Колберт.

Актерката вели дека е фрустрирана бидејќи за филмот и е платенo пет милиони долари помалку од Ди Каприо. 

“Тимоти беше само возбуден што излезе од дома. Двајцата се добри, но не знам. Само се сеќавам дека се чувствував навистина мизерно тој ден”, додала актерката.