Актерката поднесе тужба против Скиентолошката црква! Таа тврди дека десет години била жртва на малтретирање (фото)

Американската актерка Леа Ремини со години открива детали за Скиентолошката црква, а сега и официјално поднесе тужба против неа и нејзиниот водач Дејвид Мискавиџ.

Како што наведува, откако ја напуштила оваа заедница во 2013 година, трпела психичко малтретирање.

– Последниве десет години госпоѓата Ремини беше демневана, следена, малтретирана и заплашувана. Згора на тоа, таа беше жртва на злонамерни и лажни гласини преку стотици профили на социјалните мрежи контролирани од скиентологијата, кои постојат исклучиво со цел за заплашување и ширење дезинформации – се наведува во тужбата, пишуваат странските медиуми.

Наведено е и дека бил ангажиран приватен детектив да ја следи, дека постојано и’ праќале заканувачки писма и и’ правеле психички и економски проблеми.

Во тужбата се наведува дека скиентолошката црква, предводена од нејзиниот водач, организирала состанок на истакнати скиентолози и оние кои се активни во забавната индустрија во 2018 година за да проучат како најдобро да се нападне кредибилитетот на Ремини, врз основа на лаги, користејќи теми што таа ги определила скиентологијата.

Леа Ремини беше дел од Скиентолошката црква 40 години, по што таа и нејзиното семејство ја напуштија. Потоа решила да им помогне на жртвите на скиентологијата, покажувајќи им на начините на кои црквата им штети. Таа имаше и документарна серија со нејзиниот пријател и поранешен постар член на скиентологијата, Мајк Рајндер, каде што покажаа низ што поминале за време на снимањето, но и приказни за други жртви кои зборуваа за физичко и психичко малтретирање, силување и ефектите што членовите имаат.

Таа откри дека на црквата и’ давала 250 илјади долари годишно, а само таа донирала околу три милиони.