АЛ ПАЧИНО (83) ОЧЕКУВА ДЕТЕ СО 54 ГОДИНИ ПОМЛАДА ДЕВОЈКА: Познатиот актер бакнува фатална црнка која заведувала и постари од него

83-годишниот холивудски актер Ал Пачино го очекува своето прво заедничко дете со својата 54 години помлада партнерка, ТВ продуцентката Нур Алфала (29). Портпаролот на актерот ја потврди веста за TMZ.

Нур моментално е бремена во осмиот месец .

Ал Пачино, Нур Алфала

Ал Пачино и Нур беа во врска две години, а првпат беа видени заедно во април минатата година. Нејзината последна позната врска заврши во 2017 година, со Мик Џегер, а претходно беше поврзана со Клинт Иствуд.

„Срцето не прашува за годините, срцето знае само што чувствува. Тоа беше мојата прва сериозна врска и бев многу среќна“, изјави еднаш Нур во интервју за Hello за нејзината врска со фронтменот на Ролинг Стоунс.

Инаку, Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.