Американската администрација ги ограничува инвестициите во кинески технологии

– Американскиот претседател Џо Бајден ќе забрани американско инвестирање во одредени технолошки производи од областа на националната безбедност во Кина.

Во соопштението на Министерството за финансии на САД се наведува дека Бајден издал наредба со која се бара да се обезбедат информации за одредени инвестициски трансакции во Кина.

Со овој декрет Бајден повикува на елиминирање на заканите за националната безбедност од некои земји што сакаат да развиваат и експлоатираат производи со напредни технологии клучни за воените, разузнавачките или киберспособностите.

Во соопштението се наведува дека администрацијата е посветена на одбраната на националната безбедност преку заштита на технологиите што се клучни за следната генерација воени иновации.