Ноле пред бракот бил во врска со одбојкарка! Мајката Дијана не верувала дека тој ќе се ожени со Јелена (фото)

Еден од најдобрите светски спортисти Новак Ѓоковиќ со години е во центарот на вниманието на светската јавност, а за неговиот живот малку се знае. Мајката му Дијана секогаш искрено зборувала за своето семејство, а сите ги интересира нејзиниот однос со снаата Јелена, како и како започнала љубовта која трае од детството.

– Како млад човек кој игра тенис, немал време за забава. Повеќе беше на пат отколку дома. Го запознав со девојка која беше одбојкарка од Краљево. Тие беа деца. Подоцна ја запознавме и Јелена, кога имаа 18 години, не мислев дека ќе се венчаат. Ама еве го поби моето мислење и се ожени со Јелена. Нормално и природно е што Јелена презела некои работи – открила Дијана во интервју.

Години наназад може да ја видиме Дијана на турнирите како со сите сили навива за својот син, а со неа е и нејзината снаа, сопругата на Ноле. Јелена Ѓоковиќ. Иако се во одлични односи, Дијана нема проблем да каже што не и’ се допаѓакај синот и снаата.

– За жал, ретко доаѓаат, создадоа свое семејство и оаза. Јелена прави одредени работи на свој начин. Тоа се случува, особено кога е во прашање исхраната, која јас не ја поддржувам. Секогаш кога има време, се трудиме да се видиме, да одиме на езеро, да шетаме… Тие доаѓаат кај нас, за внуците да ја почувствуваат топлината на домот на нивните баби и дедовци. Тие ги сакаат моите познати палачинки. Секогаш слушам: „Бабо, направи ни палачинки!“, а потоа се натпреваруваме кој повеќе ќе изеде.