Американски јутјубер во друштво на ,,Гробарите!” Дојде во Арена да ја „почуствува“ атмосферата, но не очекуваше вакво нешто – цел свет го гледа неговото видео

Американец повторно дојде во Србија за да ја „почувствува“ атмосферата на кошаркарскиот натпревар која минатиот пат му остави силен впечаток.

Американскиот Јутјубер „Емека“ го зазеде своето место во „Штарк Арена“ на мечот меѓу Партизан и Жалгирис.

Тој избра да биде опкружен со ,,Гробарите” и заедно со нив да го поддржи црно-белиот клуб во походот за Топ 8 во Евролигата.

Детално го забележа секој момент во Белград – од пристигнувањето во главниот град на Србија, лудата атмосфера на натпреварот, но и впечатоците после сè.