ДЕТЕТО ВРИСКА ДОДЕКА МОРЕТО ЈА НОСЕШЕ МАЈКАТА ВО ДЛАБОКОТО! Смрт во живо, жената позирала со сопругот, па се удавила – ВОЗНЕМИРУВАЧКО видео

Во Индија жена починала откако ја однел бран додека се фотографирала на карпа.

Џиоти Сонар (32) од Индија се удавила во морето пред очите на своето семејство откако ја собрал бран додека седела на карпа и се фотографирала, пишува „Сан“. Таа седела на карпа со сопругот Мукеш, а биле на популарното шеталиште Bandra Bandstand во Мумбаи.

Тие седеа, се смееја, се држеа за раце, позираа, а потоа дојде бран кој ги „симна“ од карпата и ги фрли во морето. Некој, не знаеме кој, сето тоа го снимаше од безбедна точка.

На видеото се слуша детски глас, вресок кој гласи „мамо, мамо!“. Џота се удави, а нејзиниот сопруг Мукеш преживеа.

Телото на жената било пронајдено следниот ден, таа била пренесена во болница, но за жал лекарите можеле само да констатираат смрт. Трагедијата се случи на 9 јули.