ПОЧИНА ЛЕГЕНДАТА НА ЈУГОСЛОВЕНСКАТА КОШАРКА: Беше член на Куќата на славните и го направи Дражен Петровиќ најдобар во Европа!

Мирко Новосел, легендарниот хрватски и југословенски кошаркар и тренер, почина на 86-годишна возраст.

Тој беше двократен европски шампион со Југославија, како и двократен освојувач на Евролигата и член на Куќата на славните.

Новосел целата своја играчка кариера ја мина во поранешна Локомотива, екипа која сега се вика Цибона, а откако заврши со „фрлањето на топката низ обрачот“ стана тренер на таа екипа, водејќи во многу наврати.

Тој е најтрофејниот хрватски тренер, а Цибона ја водеше до титулата во Евролигата во 1985 и 1986 година.

Со репрезентацијата на Југославија постигна големи достигнувања.

Од 1973 до 1976 година освоил две злата на ЕП и сребро на Светските првенства, а во 1976 година го освоил второто место на Олимписките игри.

Од 2007 година, Мирко Новосел е член на Куќата на славните во Спрингфилд, а ФИБА го вклучи во Куќата на славните во 2010 година, додека во Цибона извесен период беше и почесен претседател на клубот.

Новосел наполни 85 години на 30 јуни.