Ангелов: Ако не помине предлогот за „бранители“, нема да бидеме дел од коалицијата на СДСМ

Актуелниот лидер на партијата „Достоинство“ Стојанче Ангелов вели дека доколку не помине предлог-одлуката „Достоинство“ за надминување на проблемот со 15-те семејства на загинатите бранители и воени инвалиди, тие ќе ја напуштат владината коалиција.

„Со јасна мисла и идеја влеговме во СДСМ, имаше добра атмосфера за решавање на проблемите, но не успеавме.

Сега ќе видиме дали ќе успееме со ВМРО-ДПМНЕ да се договориме за барањата на необесштетените семејства на загинатите бранители и воени инвалиди, како и за измена на постоечкиот Закон за бранители“, рече Ангеллов на „ТВ24“. .

Тој нагласи дека ова се уште не му го кажал на раководството на СДСМ, но првпат зборува во емисија.