Анчелоти пред „Ел класико“: Тортата е готова, останува само да се додаде црешата

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, зборуваше за очекувањата од натпреварот против Барселона во 32. коло од шпанската Ла Лига.

– Барселона е многу конкурентен противник. Класико е секогаш Класико. Тие се многу добри, но за нас ова е шанса да се доближиме до освојување на Ла Лига. Сфаќаме дека ќе биде тешко бидејќи Барселона е многу, многу добра. Во моментов ни оди добро. Тортата е готова, останува само да ја додадеме црешата во овој клучен месец, изјави Анчелоти, пренесува „Sport.es“.

Реал Мадрид утре ќе и гостува на Барселона. Почеток на „Ел класико“ е во 21 часот.

Пред директната средба, Реал води во Ла Лига со 78 бодови, осум бода повеќе од второпласираната Барселона.