Арсенал го декласираше Лидс и повторно ја зголеми предноста пред ‘Граѓаните’ во трката за тронот на Премиер лигата

Арсенал ја зголеми предноста на табелата во Премиер лигата во однос на второпласираниот Манчестер Сити на осум бода благодарение на победата од 4-1 на домашен терен против Лидс Јунајтед во пресметката од 29. коло.

Арсенал поведе кон крајот на првото полувреме кога Габриел Жесус го искористи пеналот во 35. минута кој сам го направи по прекршокот на Ајлинг. Веднаш на почетокот на продолжението, Вајт зголеми на 2:0 во 47. минута по центаршутот на Мартинели, а Габриел Жесус го прослави својот прв старт во првите 11 во 2023 година со уште еден гол во 55. минута. На 3:1 намали Кристијансен во 76. минута, а Џака го постави конечниот резултат во 84. минута со гол за 4:1.