Астрономите откриваат древни џиновски ѕвезди на Млечниот Пат

Неодамна, астрономите открија мистериозна група џиновски ѕвезди во срцето на Млечниот Пат, за кои се вели дека исфрлаат облаци од прашина и гас со големина на Сончевиот систем.

Наречени „стари пушачи“, ѕвездите беа речиси невидливи пред да почнат да исфрлаат облаци од чад. Нивното откритие е направено додека набљудувале речиси милијарда ѕвезди во инфрацрвена светлина за време на 10-годишното истражување на ноќното небо.

„Тоа е нов тип на ѕвезди и сите тие се чини дека се групирани во ист дел од небото, многу блиску до центарот на нашата галаксија Млечен Пат“, изјави водачот на набљудувањата, Филип Лукас, пренесува theguardian.

За време на набљудувањето, тимот следеше милиони ѕвезди и идентификуваше 32 експлодирачки протоѕвезди кои во некои случаи пораснаа во сјај повеќе од 300 пати. Меѓутоа, во анализата одеднаш се појави џиновска група црвени ѕвезди во близина на Млечниот Пат.

„Ова се облаци со големина на нашиот Сончев систем“, рече Лукас.

Инаку, наодите се објавени во Monthly Notices of the Royal Astronomy Society.