Фудбалските клубови Ајакс и Комо потпишаа тригодишен договор за партнерство, со цел „јакнење на глобалната фудбалска мрежа“.
„Во Комо, веруваме дека оваа соработка поттикнува иновации и раст. Партнерството со клуб од калибарот на Ајакс ни овозможува да ги комбинираме нашите силни страни, што гарантира дека двата клуба ги поместуваат границите на фудбалскиот успех. Наша цел е да создадеме нови патишта заедно. кои не само што ги подигнуваат нашите клубови на повисоко ниво, туку создаваат и нов стандард за иднината на играта“, изјави претседателот на Кома, Мирван Суварсо, а пренесува веб-страницата на Ајакс.
„Ова партнерство е успех за двата клуба, кое ветува заеднички раст, иновации и размена на експертиза што ќе ја зајакне конкурентската позиција на двата клуба на меѓународна сцена“, се додава на веб-страницата на холандскиот клуб.
„Со нивниот иновативен пристап и начинот на кој успеаја да влезат во Серија А, Комо е фантастичен партнер за работа“, изјави техничкиот директор на Ајакс, Алекс Крос.
Ајакс ја освои холандската лига 36 пати и четири пати ја освои Лигата на шампионите, додека Комо три пати ја освои италијанската Серија Б и моментално се наоѓа на 16-тото место на табелата во Серија А.