Баерн го продолжи договорот со камерунскиот Чупо-Мотинг

Репрезентативецот на Камерун Ерик Максим Чупо-Мотинг постигна 15 гола и даде четири асистенции на 24 натпревари оваа сезона.

Актуелниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен го продолжи договорот со Камерунецот Ерик Максим Чупо-Мотинг на една година, јавува Анадолија.

Во соопштението на Баерн се наведува дека 33-годишниот напаѓач и репрезентативец на Камерун ќе остане на Алијанц Арената уште една година, односно дека договорот му е продолжен до 30 јуни 2024 година.

Чупо-Мотинг, кој му се приклучи на Баерн од францускиот Пари Сен Жермен во 2020 година, оваа сезона постигна 15 гола и даде четири асистенции на 24 натпревари.