„Бараме начин да го решиме проблемот“ Првата изјава на Пригожин по неговото пристигнување во Белорусија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко предложи начини за да се реши проблемот со приватната воена компанија Вагнер, изјави денеска основачот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

– Александар Лукашенко подаде рака и предложи да се бараат начини за решавање на проблемот заради идната работа на ПВК „Вагнер“ на законски регулиран начин – напиша Пригожин на Телеграм кој денеска пристигна во Белорусија, пренесува Белта.

Како што потсетува белоруската агенција, Лукашенко во саботата имал преговори со шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин во врска со вооружениот бунт и маршот кон Москва.

Преговорите траеја цел ден, а како резултат на тоа, страните се согласија дека крвопролевањето на територијата на Русија е неприфатливо.

Пригожин го прифати предлогот на белорускиот лидер да го запре напредувањето на вооружените единици на Вагнер низ руска територија и да преземе дополнителни чекори за деескалација на тензиите.