(ВИДЕО) Шок во Ајндховен: Навивач го нападна голманот на Севиља

Шокантна сцена се случи на натпревар од Лигата на Европа во Ајндховен меѓу ПСВ и Севиља, откако беше нападнат голманот на гостинските, Марко Дмитровиќ.

Србинот меѓу стативите си ја вршеше задачата, но во еден момент, навивач влета на терен и го удри чуварот на мрежата. Дмитровиќ се заштити, го урна навивачот на земја, па редарите го однесоа надвор од теренот.

Овој потег е за осуда, а ПСВ сигурно ќе добие санкција за лоша организација и можноста навивачот да влезе на терен. Сигурно е дека и навивачот ќе биде кривично гонет и ќе добие казна.