Барса се сели на „Монтжуик“ – Камп Ноу во градежен хаос (фото)

Барселона се врати на тронот во шпанскиот фудбал и ја освои титулата во домашното првенство, пред сè поради тоа што покажа континуитет во Ла Лига, особено на домашен терен каде претрпе само еден пораз (15 победи и 3 реми средби).

Чави Ернандес направи тврдина од „Камп Ноу“ и тоа беше пресудно и клучно титулата да се врати во Барселона, а подготовките за новата сезона ќе започнат со адаптација на нешто ново, бидејќи првиот тим наредната сезона нема да игра на матичниот стадион.

Барса се сели на „Монтжуик“ и овој процес сигурно нема да биде лесен, но голема непозната е и кога каталонците ќе се вратат на „Камп Ноу“ кој е пред сериозно реновирање.

Клубот одлучи дека е време за голема промена и модернизација на култниот стадион, кој во наредните 12 месеци сигурно ќе биде затворен, а засега не е позната точната дата кога ќе бидат завршени градежните работи.

Инаку, Барса официјално соопшти дека тешка машинерија и багери веќе го раскопале теренот на „Камп Ноу“, со што се означило старт на реконструирањето на еден од најзначајните стадиони во светот.