Без вода утре улицата „Боте Боцевски“ и ГТЦ

Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на улица „Боте Боцевски“ бб, утре без вода ќе бидат корисниците на улицата „Боте Боцевски“ и Градскиот трговски центар.

Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работите.