Без струја утре дел од жителите од селата Бучинци, Бујковци, Грушино, Јаболци, Држилово, Патишка Река, Елово, Црн Врв, Осинчани, Црвена Вода и Малчиште

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисници од скопските општини Илинден, Арачиново, Карпош, Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје утре без струја од 08 до 15 часот, ќе бидат селата, Бучинци и Бујковци, и село Грушино. Од 08:30 до 12 часот, корисниците од зградата бр. 64 на булевар „Партизански одреди“. 

Од 09 до 12 часот, без струја ќе бидат корисниците од улица бр. 4 во село Бардовци, а од  09 до 13 часот, корисниците од улица „Влае“.

Во периодот од 09 до 16 часот, струја ќе немаат корисниците од селата Јаболци, Држилово и Патишка Река, како и Елово, Црн Врв, Осинчани, Црвена Вода и Малчиште.

Додека во понеделник од 09 до 11:30 часот, без струја ќе се корисниците од дел од улица „Жеденска“, поточно само парните куќни броеви.