Фудбалерот на Борусија Дортмунд и англиски репрезентативец Џад Белингем одбил вносни понуди од Челзи, Реал Мадрид и ПСЖ, бидејќи сака да ја продолжи кариерата во Ливерпул.
Белингем (19) има договор со Борусија до лето 2025 година, а неговата пазарна вредност се проценува на околу 110 милиони евра.
Борусија сака да го задржи Белингем и да му понуди годишна плата од 15 милиони евра со што Англичанецот би бил најплатен фудбалер во историјата на клубот од Дортмунд.
Сепак, како што тврдат британските медиуми, главна цел на Белингем е да го облече дресот на Ливерпул, а евентуалниот трансфер ќе зависи од тоа дали премиерлигашот ќе избори место во Лигата на шампиони во следната сезона.