Беше со илјадници жени но, таа го спушти на земја: Мик Џегер со години чекал да му се јави Анџелина Џоли: Еве вака се запознаа (фото/видео)

Мик Џегер се смири со својата речиси двојно помлада партнерка Мелани Хемрик, дури во осмата деценија од животот. Додека не се смири со неа, за пејачот сите знаеја дека е голем женкар.

Се зборува дека спиел со 4.000 жени, а ги освоил убавиците и шоубиз иконите како Маријана Фејтфул, Џери Хол, Карла Бруни. Една актерка сепак долго време му се спротивставувала.

Кога Ролинг Стоунс решија да снимат видео за песната „Anybody Seen My Baby?“, голем број актерки и модели беа поканети на аудиција. Некој мораше да ја игра улогата на необична, млада стриптизерка.

Анџелина Џоли, која тогаш имаше само 23 години, победи на аудицијата, а Џегер бил воодушевен од нејзината убавина и став. Но и многу други мажи – пред и после него.

Таа малку ме плаши и тоа ми се допаѓа“, рекол Мик.

По првата средба, Џегер постојано ја канел Анџелина да се сретнат. Таа го одбивала секој пат. Таа тогаш беше во брак со Џони Ли Милер. Тој и’ се јавувал цели две години, но таа не се јавувала на телефон.

Еден пријател ги слушал неговите пораки на телефонската секретарка и подоцна го опишал вака: „Буквално липаше преку телефонот“.

Кога Анџелина се разведе од Милер во 1999 година, таа конечно ја прифати поканата на фронтменот на Ролинг Стоунс да излезе со него.

Тогаш се случи нешто за што се зборува и денес. Мик ја одвел Џоли на забава и ја оставил таму за неодоливата Фара Фосет. Верувале или не, тоа било забава за една ноќ.

И покрај таквиот потег, Џегер успеа да ја однесе Анџелина на уште еден состанок. Изгледа дека никој не е толку шармантен како него! Хемијата беше обострана, бидејќи тие останаа во врска речиси две години, успевајќи да се видат во тајност и покрај бројните работни обврски. Нивното прво и единствено заедничко видео останува засекогаш во музичката историја.