Би-Би-Си со израелската војска влезе во болницата Ал Шифа во Газа, еве што најдоа (ВИДЕО)

Претставник на израелската армија (ИДФ) за новинарот на Би-Би-Си изјави дека меѓу предметите откриени во болницата Ал Шифа во Газа има лаптопи со фотографии и видеа на заложници од Газа.

– Откривме многу компјутери и друга опрема што навистина може да ја расветли моменталната ситуација, се надеваме и во однос на заложниците – рече потполковникот на ИДФ Џонатан Корникус.

Лаптопите, вели тој, содржат фотографии и видеа од заложниците, направени по нивното киднапирање во Газа.

Би-Би-Си, сепак, вели дека на нејзината репортерка Луси Вилијамсон не и било покажано што има на лаптопите.

Вилијамсон е еден од првите двајца странски известувачи (заедно со американскиот „Фокс њуз“) кои беа примени во болницата Ал Шифа ноќта меѓу среда и четврток.

Таа рече дека тимот на Би-Би-Си е под строга контрола, дека репортерите биле на терен само ограничено и посочи дека не смеат да разговараат со лекарите и пациентите од Ал Шифа.

– Нашето пристигнување во Газа, во оклопен транспортер цврсто затворен од надворешната темнина, го следеше патот на првите големи копнени упади на Израел пред неколку недели – рече Вилијамсон.

Таа вели дека кога влегла во една од собите во болницата , претставниците на ИДФ и рекле дека откриле калашникови, гранати и заштитна опрема, некои со симболи на Хамас.

Новинарката на Би-Би-Си изјавила дека видела три помали купишта калашникови, муниција и панцири, додека потполковникот Корникус прецизирал дека пронашле околу 15 парчиња оружје, како и гранати.

Тој, исто така, и покажа воени учебници и памфлети, заедно со мапа за која рече дека ги означувала потенцијалните правци за влез и излез од болницата на Хамас.

Корникус вели дека Хамас ги користи болниците за воени цели и, како што вели, лаптопите и опремата укажуваат на тоа дека Хамас бил таму „во изминатите неколку дена“.

– Кога ќе се повлече линијата, ова е само врвот на ледениот брег. Хамас не е тука затоа што не виде како доаѓаме. Ова, веројатно биле принудени да го остават зад себе. Наша проценка е дека таму има уште многу опрема – рече Конрикус.

По речиси 24 часа пребарување на болницата, Израел соопшти дека пронашол оружје и друга опрема што може да помогне во потрагата по борците и заложниците на Хамас.

Меѓутоа, Израел не го најде ниту едното ниту другото, заклучува Би-Би-Си.