Блинкен пристигна во Израел

Американскиот државен секретар Антони Блинкен пристигна во Израел, пренесуваат британските медиуми.

Блинкен долета во Израел за да изрази поддршката на САД за својот долгогодишен американски сојузник на Блискиот Исток. 

За време на неговата посета се очекува да се сретне со високи израелски претставници.

Утринава беше најавено и дека државниот секретар ќе се сретне и со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој, да потсетиме, се наоѓа на Западниот Брег и е политички ривал на Хамас во Појасот Газа.