„ТУИ Ервејс“ не планира за наредната година да ги обнови сезонските летови од Лондон за Охрид

 Авиокомпанијата „ТУИ Ервејс“ со седиште во Велика Британија не планира да ги обнови сезонските летови меѓу Лондон „Гетвик“ и Охрид наредното лето.

Истовремено од авиокомпанијата е соопштено дека планира да ги обнови летовите меѓу Манчестер и Охрид, што исто така започна оваа година, и тоа со зголемена фреквенција од еден на два летови седмично.

„ТУИ флај“ од Холандија што исто така е дел од „ТУИ “ групацијата ќе продолжи со летовите од Амстердам за Охрид.

На почетокот на оваа година авиокомпанијата „Виз ер“ ги прекина летовите меѓу Лондон „Лутон“ и Охрид.

Во периодот од јануари до август, охридскиот аеродром опслужил 186.692 патници, што е за 17 проценти повеќе споредбено со минатата година, но е пад од 13,3 проценти во однос на 2019 година.