‘БОМБА’ ВЕСТ ОД ГЕРМАНИЈА – “Имаме докази, знаеме кој го разснесе Северен тек!“ – зошто за ова никој не зборува !?

Во Германија нема многу силни реакции откако неделникот Spiegel и јавниот сервис ZDF во саботата објавија голема истрага, според која сите траги од нападот на гасоводите „Северен тек“ водат кон Украина. Волф Видман-Шмит од тимот истражувачки новинари дури има впечаток дека политичките лидери во Берлин ја избегнуваат темата.

Се разбира, тие не можат само со прст да укажат кон некого за сериозното злосторство, но не можеа ниту да престанат да и помагаат на Украина во војната против Русија. Тоа не е опција“, вели Волф Видман-Шмит за Deutsche Welle и додава: „Значи, овде во Берлин сите помалку или повеќе го избегнуваат прашањето какви се последиците“.

Детонациите на двата крака на „Северен тек“ во септември минатата година практично ја прекинаа секоја можност Германија директно да добива евтин руски гас. Ударот на гасоводот се случи во близина на данскиот остров Борнхолм во Балтичкото Море.

Според извештајот на Spiegel и ZDF, германските истражители имаат дебело досие во кое сите докази укажуваат на украински „командоси“. На пример, податоците како што се IP адресите покажуваат дека напаѓачите биле во Украина и пред и по нападот.

Веќе подолго време е познато дека саботерите очигледно користеле јахта што ја изнајмиле со фалсификувани пасоши и тие отпловиле од Росток.

Според Spiegel, сега секоја трага води само до Украина. Инспекторите, меѓутоа, ја проверуваат и можноста дека се работи за руска операција изведена на таков начин што им се припишува на Украинците.

Се разбира, и ние ги следиме таквите траги, но засега немаме докази за нив“, изјавил државниот правобранител Ларс Оте за Spiegel. Тој додал дека во моментот сè уште не може да каже дека пренасочувањето било државно насочено од Украина.

Сепак, малку е веројатно дека саботерите се обични граѓани на Украина кои работеле сами. Како што пишува Spiegel од меѓународните разузнавачки кругови, идејата на Киев била да го прекине главниот извор на приход на Русија и нејзиниот најважен инструмент за уцена на германската Влада.

Додуша, тоа што патиштата водат кон Украина не мора да значи дека ќе доведат и до врвот на власта во Киев. „Дури би рекол дека експертите за разузнавање и безбедност сметаат дека е многу малку веројатно дека украинскиот претседател Володимир Зеленски знаел за акцијата“, вели новинарот Волф Видман-Шмит.

За Берлин е пикантно што информациите за нападот на „Северен тек“ соодветствуваат токму на она што американската ЦИА и холандските тајни служби го предупредуваа околу три месеци пред нападот. Ова не ги вознемири германските тајни служби бидејќи првичниот наводен датум за пренасочување веќе бил изминат.

Весникот The Washington Post во јуни минатата година пишуваше дека ЦИА имала предупредувања од европска тајна служба. Подоцна медиумите ја спомнаа Холандија, како и дека мозокот на операцијата бил украинскиот генерал Валериј Залужни.

Како што сега откриваат Spiegel и ZDF, разузнавачките служби зборувале и за планиран напад на Турски тек низ Црното Море. Тој гасовод води до Турција, а потоа кон Србија и другите балкански земји. Нејасно е зошто не се спроведени плановите за тоа пренасочување.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер верува дека на крајот ќе бидат покренати обвиненија против саботерите. „Се надевам дека државниот правобранител ќе најде доволно докази за да ги обвини сторителите“, изјавика таа за Spiegel и додала: „Мораме да судиме такви злосторства“.

Сепак, како што пишува ZDF, Германија не може да спроведе истрага во Украина. „Федералната Влада досега се воздржуваше од барање правна помош од Украина бидејќи германските истражители потоа ќе мораа да го споделат она што го знаат со Украинците“, се наведува во текстот, додавајќи: „Берлин не му верува на Киев“.

ZDF пишува и дека канцеларот Олаф Шолц засега не зазема став и дека неговиот кабинет на новинарите само им кажува дека истрагата е во тек и дека треба да го почекаат исходот.

Но, како што се повеќе и повеќе индиции водат до Украина, според истражителите, така се зголемува притисокот да се заземе официјална позиција“, пишува ZDF и нагласува: „Дури и ако сторителите никогаш не завршат пред германски суд“.

До денес не е започната работа на евентуално поправка на „Северен тек“. Според експертите, доколку се чека предолго, цевките ќе кородираат поради солената вода и целиот цевковод ќе заврши како старо железо.