Борусија Менхенгладбах ја прекина серијата без пораз на Баерн која траеше 21 натпревар

– Актуелниот германски фудбалски шампион, Баерн Минхен го доживеа првиот пораз од септември 2022 година.

Избраниците на тренерот Јулијан Нагелсман, денес загубија од Борусија Менхенгладбах со 3:2 во 21. коло од Бундеслигата.

Од 8. минута Баварците играа со фудбалер помалку поради црвениот картон на Дајот Упамекано.

По поразот од Аугсбург (0:1) на 17 септември, тимот од Минхен до денес забележа 16 победи и четири пати ремизираше.

Баерн е лидер на табелата со 43 бода, пред Унион Берлин со 42 и Борусија Дортмунд со 40, екипи кои допрва треба да ги одиграат натпреварите од 21. коло.