Бремената девојка на Амиџиќ објави страшни пораки: „Мајка ти те научи да земаш туѓ сопруг и татко на дете“ (фото)

Водителот Огњен Амиџиќ и неговата избраничка Мина Наумовиќ за неколку месеци ќе го добијат првото заедничко дете, а планираат и брак.

Нивната врска стана позната неколку месеци по разводот на Огњен со манекенката Данијела Димитровска со која го има синот Матија, а Мина сега на Инстаграм ги објави грдите коментари кои ги добива од луѓе кои сметаат дека таа е одговорна за разводот на Амиџиќ.

– Она што го носиме од дома е наше. Сè после тоа низ животот е само надградба. Среќна сум и благодарна што не можев да имам подобра основа – прво Мина сподели приказната, а потоа доби навреди од момче.

„ Мајка ти добро те научи да расипуваш туѓи бракови, да заведуваш и одземаш туѓ сопруг и татко на дете, секоја чест за тебе. Браво за родителите и воспитувањето“, напишал младиот човек.

Наумовиќ го објави ова на своето атори и напиша:

– Ве молам да не ја прескокнувате терапијата и да ми се тргнете од вратот.